Проектирање, изведба, продажба, инсталација и одржување на водоводните системи, како и на системите за мерење и филтрација на вода со 24-часовна техничка поддршка.

 
 
 
 
 
 

Контролни системи

Бележењето на податоците (логирањето) е суштински дел од стратегијата за управување со водоводните системи. Регистраторите се уреди што служат за контрола и за складирање на параметрите во дистрибутивните цевководи. Типични параметри се: протокот, притисокот, нивото, температурата и квалитетот на медиумот. Во случај на водата како проточен медиум, кај квалитетот може да се следат: хлорот, рН, матноста и слично. 

Најчестите апликации за употреба на регистратори во водоводните системи се:

  • Моделирање на мрежата
  • Дијагностика на мерните уреди за корисниците
  • Одредување (процена) на потрошувачката или на потребната количина вода
  • Следење на параметрите на системот по подрачјата
  • Идентификација и контрола на загубите
  • Регистрација на податоците со регулаторите на притисокот
 
 
 
Ако сте заинтересирани за повеќе, ве молиме контактирајте не на телефон +389 23 130 293 или преку онлајн формуларот.
 
 
 

Пребарувач

 
 
 

контакт

ЦМЦ ГРОУП д.о.о.
Република Северна Македонија
Ул. Борис Трајковски бр. 280
1000 Скопје

T: + 389 23 130 293
F: + 389 23 130 285
E: contact@cmc-group.mk