Постигнатите резултати и довербата на деловните партнери нè обврзуваат секогаш да изведуваме напредни решенија.

 
 
 
 
 
 

За компанијата

Компанијата ЦМЦ Гроуп д.о.о. е основана во 1990 година како специјализирана компанија во рамките на групацијата ЦМЦ Груп (основана во 1989 година) за подрачјето:

  • Техничка поддршка за проектирање, имплементација и одржување на системите за мерење, контрола и регулација на технолошките процеси.
  • Инсталација и одржување на системите за водовод, загревање и гас.
  • Инженерска поддршка, инсталација и сервис на опремата за подготовка на вода за пиење и на технолошка вода и за чистење на отпадните води.
  • Техничка поддршка, инсталација и сервис на водомери, мерачи на топлина и далечински системи на читање на мерачите.
  • Испорака, монтажа и одржување на вентилите, заклопките, хидрауличните контролни вентили и другите водоводни арматури.
  • Застапништво, дистрибуција и трговија на големо.

Дејноста на компанијата од почеток е во тесна врска со водата. Од самиот почеток компанијата испорачува цевки од нодуларен лив, фазонски парчиња, вентили и други делови, водомери, мерачи на проток, притисок и ниво, како и опрема за анализа на квалитетот на водата во јавните водоводни мрежи, индустријата и во приватниот сектор.

Со текот на годините понудата на решенија се прошири на испорака на мерачи на топлинска енергија, системи на далечинско читање, апликации за филтрирање и чистење на вода, специјализирани заптивки за сите видови медиуми, механички системи за спојување на цевки итн.

 
 
 

Инсталација и одржување

Со големото искуство и знаење и поради поспецифичните барања на пазарот, компанијата има развиено сеопфатен проектен пристап кон клиентите, кој опфаќа и соработка во дизајнот на системите, како и инсталација и одржување на секој испорачан дел од опремата. Со нашиот тим на експерти и сервисери овозможуваме имплементација на системите за водовод, апликации за мерење и контрола и одржување и поддршка во текот на целиот животен циклус.

 
 
 

Стабилен раст и развој

Во 2001 година компаниите во Србија и во Црна Гора им се придружија на нашите компании во Хрватска, Македонија и во Босна и Херцеговина. Во 2004 година беше отворен нов дистрибутивен и сервисен центар со широк простор за складирање и работилници во индустриската зона Запоље во Логатец. Во 2005 и во 2006 година во групацијата се вклучија и ЦМЦ Приштина, Софија и Тирана.

Деловните резултати и довербата на нашите деловни партнери нè обврзуваат и понатаму да ја развиваме и да ја прошируваме нашата понуда, истовремено континуирано да ги подобруваме и да ги едуцираме нашите вработени со цел да обезбедиме решенија и за најкомплексните апликации.

 
 
 

Наша визија е на нашите клиенти да им понудиме:

  • Високо ниво на квалитет на услугите
  • Широк спектар на квалитетни производи
  • Соработка со висококвалификуван и стручен кадар
  • Следење на пазарот и на барањата на клиентите
  • Широк спектар на решенија за голем број апликации

 

Екипата на ЦМЦ Гроуп & ЦМЦ Групација

 
 
 

контакт

ЦМЦ ГРОУП д.о.о.
Република Северна Македонија
Ул. Борис Трајковски бр. 280
1000 Скопје

T: + 389 23 130 293
F: + 389 23 130 285
E: contact@cmc-group.mk