Проектирање, изведба, продажба, инсталација и одржување на водоводните системи, како и на системите за мерење и филтрација на вода со 24-часовна техничка поддршка.

 
 
 
 
 
 

Уреди за чистење

Секој од нас секој ден генерира отпадна вода. Во текот на 24 часа едно лице во просек троши 100 литри вода за лични потреби; од нив околу 50%-60% се за хигиена (во бањата).

По употребата, без оглед на локацијата, оваа вода веднаш станува „отпад" и се одзема од домаќинствата. Ако живеалиштето е поврзано со канализацискиот систем, водата пристигнува до комуналниот уред за чистење. Ако живеалиштето не е поврзано со канализација, водата мора прво да се прочисти - процесот со кој водата се прочистува до речиси првобитната состојба - и дури потоа се ослободува во околината.

Отпадната вода содржи мешани тврди честички, органски соединенија (остатоци од животни, растенија, масти итн.), други хранливи материи (азот, фосфорни соединенија и сл.) и разни хемикалии (детергенти, средства за чистење, средства за дезинфекција итн.) што треба да се отстранат пред испуштањето на водата.

Серија AquaClean S

Серијата AquaClean S е ново семејство на компактни, мали пречистителни уреди за домашна употреба - чистење на отпадните води со помош на принципот SBR (Sequencing Batch Reactor). Како уредот, така и квалитетот на водата што излегува од него соодветствуваат на барањата на националното законодавство. Сигурноста на дејствувањето и способноста да се задоволат барањата за квалитет на прочистената вода зависат од хемиската / биолошката ефикасност и од специфичните работни услови (протокот и волуменот на испуштената вода, температурата, составот на влезната вода - доток).

Опис

Серијата уреди S е наменета за опремување на новоградбите, како и за дополнително опремување на веќе постојните септички резервоари со минимални промени. Оваа серија беше специјално дизајнирана за чистење на отпадните води од домаќинствата со капацитет од 1.000 литри (S5) до 1.500 литри (S10) / на 24 часа (одговара на 1-6 (S5) и 7-12 (S10) на жител). Пречистителниот уред може да прима само отпадни води од домаќинствата. Водата во уредот не смее да содржи хемикалии што би можеле да ѝ наштетат на бактериската популација.

Во уредот не е дозволено да се одвојуваат:

  • индустриски отпадни води
  • дождовница или рециклирана вода од базени итн.
  • вода што содржи агресивни хемикалии, остатоци од нафта и масла и слично.

Серијата уреди S е подобрена верзија на пречистителниот уред, кој работи на принципот SBR и кој користи активирана тиња и физичка сепарација врз основа на комбинацијата од таложење и чистење. Ова се случува во четири работни циклуси на 24 часа, а секој од нив се одвива во четири чекори:

  1. Земање - На почетокот на циклусот за чистење, пумпата за полнење од првата преграда ја црпи пресметаната количина вода. Ако нивото во првата комора е прениско, уредот се префрла на режимот за одмор за траењето на целосниот циклус (6 часа).
  2. Чистење - По пумпањето на водата се активира пумпата за аерација и почнува процесот на вентилација на водата со меурчиња. Аерациската пумпа овозможува да се растворат големи количества кислород во расположливиот волумен на вода. Оваа фаза е позната како нитрификација. Оксигенацијата се врши наизменично со мирни периоди кога се одвива денитрификацијата на водата.
  3. Седиментација - Аерацијата е прекината и тоа им дозволува на тврдите честички да се сталожат на дното на резервоарот. Така, во горниот дел од резервоарот останува само чиста вода.
  4. Испуштање - Потоа со помош на пумпата за вшмукување чистата вода од горниот дел на резервоарот се испушта од системот. Кога ќе се достигне минималното ниво на водата, пумпата се исклучува. Тоагаш се вклучува пумпата за напојување со која се црпи вишокот тиња назад во првата комораr.

Режим за одмор

Ако во текот на фазата на зафаќање на водата во првата комора уредот не ја открива влезната вода, тој автоматски се префрла на режимот за одмор. Аерацијата се врши во пократки и почести интервали, со цел бактериите да се одржат живи. Се намалува зафаќањето на водата во првата комора. Водата не се ослободува од системот. Уредот автоматски се префрла во нормален работен режим кога е откриен доводот на вода во првата комора.

 
 
 
Ако сте заинтересирани за повеќе, ве молиме контактирајте не на телефон +389 23 130 293 или преку онлајн формуларот.
 
 
 

Пребарувач

 
 
 

контакт

ЦМЦ ГРОУП д.о.о.
Република Северна Македонија
Ул. Борис Трајковски бр. 280
1000 Скопје

T: + 389 23 130 293
F: + 389 23 130 285
E: contact@cmc-group.mk