Проектирање, изведба, продажба, инсталација и одржување на водоводните системи, како и на системите за мерење и филтрација на вода со 24-часовна техничка поддршка.

 
 
 
 
 
 

Систем PAM-GLOBAL S®

Литожелезниот систем за одводнување и внатрешната канализација PAM Global S се состои од цевки и фазони од сив лив и нерѓосувачки материјал за спојување во согласност со стандардот EN 877. На располагање е и системот за прицврстување и монтажа Tyrodur, кој се користи за различни закачалки, конзоли и слично.

Цевките се од сив лив, а произведени се со центрифугален процес и термички се обработени (калени) за да се намалат внатрешните напони и да се постигнат подобри механички својства. Однатре цевките се заштитени со 2k епоксидно средство за премачкување со 130 микрони, надвор од основната црвена антикорозивна заштита од 40 микрони.

Фазонските парчиња се изработени од сив лив и заштитени се со процесот катафореза. Материјалот за спојување (спојките) е изработен од гума EPDM и нерѓосувачки спојници од видот Rapid NG.

Цевките се користат во канализациските системи и за одводнување во зградите и одводнување на мостовите. Особено се погодни за високооптоварените системи во лабораториите, болниците и во индустријата, каде што има високи температури и агресивност на медиумите. Се користат и во училиштата, детските градинки, станбените згради, хотелите, библиотеки и сите други објекти од јавен карактер.

Посебните карактеристики се покажуваат така што е ставен акцент на противпожарната заштита и заштитата од бучавата. Системот е усогласен и обележан во согласност со SIST EN 877. Димензиите се номинално од DN 50 до DN 300 (внатрешен дијаметар) по барање и до DN 600.

Монтажата се изведува според упатствата на производителот.

 
 
 
Ако сте заинтересирани за повеќе, ве молиме контактирајте не на телефон +389 23 130 293 или преку онлајн формуларот.
 
 
 

Пребарувач

 
 
 

контакт

ЦМЦ ГРОУП д.о.о.
Република Северна Македонија
Ул. Борис Трајковски бр. 280
1000 Скопје

T: + 389 23 130 293
F: + 389 23 130 285
E: contact@cmc-group.mk