Проектирање, изведба, продажба, инсталација и одржување на водоводните системи, како и на системите за мерење и филтрација на вода со 24-часовна техничка поддршка.

 
 
 
 
 
 

POLO-ECO plus Premium

Во последните години значително се зголемија барањата за цевни системи при изградбата на канализации. Секогаш поагресивна отпадна вода, чистење со висок притисок како континуиран процес на одржување, ниско и длабоко вкопани цевки со ниски падови како последица на оптималното планирање на канализацискиот систем, барања за долготраен животен век (од 50 до 80 години) се причините што го предизвикаа развојот на новите цевководни системи. Повеќеслојната технологија оптимално ги задоволува овие потреби.

Цевководните системи се составени од три слоја:

  1. врвен (надворешен) слој што штити од надворешно оштетување и придонесува за висока безбедност,
  2. носилен (среден) слој од PP збогатен со магнезиумов силикат што обезбедува исклучителна отпорност, цврстина и крутост при истовремена висока еластичност и
  3. внатрешен слој што е исклучително отпорен на хемикалии, абење, има одлични хидраулични својства и овозможува едноставен TV-преглед.

Основни предности:

  • Еластичност и при -20оС
  • Отпорност против абење
  • Хемиска отпорност
  • Крутост SN 8 и SN 12
  • Висока безбедност пред излевање (заштита на водозаштитените подрачја II според АТВ-ЈА 142)
  • стабилност на цевката
  • едноставна техника на спојување со обична спојка
  • висок проточност
  • температурна постојаност (од -20°C до 95°C)
  • едноставна монтажа со соодветни кривини, гранки, редуктори, приклучоци и лизгачки спојки.

Димензии:

  • SN 8: од DN / OD од 110 до 500 mm;
  • SN12 од DN / OD од 160 до 500 mm.

Контрола на квалитет:

  • Цевните системи се во согласност со стандардот ONR-20513 за повеќеслојни целосни системи од PP за гравитациски канализации.
  • Производство и внатрешна контрола во компанијата Poloplast, сопственик на сертификатот ISO 9001.
  • Сопствена лабораторија за тестирање, во која цевките се изложени на постојани екстремни оптоварувања.
 
 
 
Ако сте заинтересирани за повеќе, ве молиме контактирајте не на телефон +389 23 130 293 или преку онлајн формуларот.
 
 
 

Пребарувач

 
 
 

контакт

ЦМЦ ГРОУП д.о.о.
Република Северна Македонија
Ул. Борис Трајковски бр. 280
1000 Скопје

T: + 389 23 130 293
F: + 389 23 130 285
E: contact@cmc-group.mk