Проектирање, изведба, продажба, инсталација и одржување на водоводните системи, како и на системите за мерење и филтрација на вода со 24-часовна техничка поддршка.

 
 
 
 
 
 

Дуктилни цевки

Нодуларниот лив е висококвалитетен железен лив со додаток на магнезиум. Содржи јаглерод во чиста форма како сфероиден графит. Нодуларниот лив е материјал што го задржува доброто својство на сивиот лив, а тоа е ливноста (помала производствена цена), исто така, има и добри механички својства, слични на челикот. Поради тоа, ливот има добри механички својства, како што се висока граница на еластичност, тврдина на истегнување и добра ударна жилавост. Нодуларниот лив, кој производителот SAINT- GOBAIN PAM го користи за производство на цевки, ги има следниве механички својства:

  • граница на еластичност: од 270 до 300 N/mm2,
  • тврдина на истегнување: 420 N/mm2,
  • издолжување: > 10%.

Благодарејќи на добрите механички својства на основниот материјал, големиот асортиман на фазонски парчиња и материјали за спојување, едноставниот начин на спојување и инсталирање, цевките од нодуларен лив имаат специфични својства што се препорачуваат за водоводи и за канализација:

  • високохидраулични способности,
  • висок работен притисок,
  • голема отпорност на корозија поради добрата внатрешна и надворешна заштита,
  • голема отпорност на надворешни оптоварувања,
  • голема отпорност на сеизмички влијанија.

Безбедносен фактор
Механичките напони на кои се подложени цевките во текот на дејствувањето (притисок во цевката, надворешни оптоварувања) може точно да се предвидат. Потешко е да се предвидат сите оптоварувања на кои се подложени цевките во еден подолг временски период. Поради тоа, производителот SAINT-GOBAIN PAM избрал висок безбедносен фактор за цевките и со тоа обезбедил долг животен век на цевководот.

Дебелината на ѕидот е димензионирана со следниве безбедносни фактори:

  • внатрешен притисок:
    - безбедносен фактор 2 во однос на границата на еластичност,
    - максималните дозволени притисоци може да се зголемат за 20%.
  • надворешен притисок:
    - безбедносен фактор 2 во однос на оштетувањата,
    - максималната вертикална деформација е 3%.

Измерениот притисок на рушење е двојно поголем од дозволениот работен притисок. Безбедносниот фактор се менува во зависност од дијаметарот на цевката.

Внатрешна заштита:
Од внатрешната страна цевките се заштитени со цементен малтер што содржи од 60% до 70% згура. Цементната облога е отпорна на сулфати, за разлика од цементот портланд кој хемиски реагира со вода. Цементниот малтер се нанесува центрифугално и тоа овозможува добра адхезија на подлогата, тврдина и мазна површина. Мазната површина им дава на цевките многу добри хидраулични својства што, поради квалитетот на облогата, не се влошуваат со текот на времето. Нискиот фактор на грубост k = 0,1 mm (по Colebrook) и фактички поголемиот светол дијаметар од номиналниот даваат многу добри хидраулични карактеристики и мали загуби во мрежата.

Надворешна заштита:
Цевките треба да имаат соодветна надворешна заштита од корозија бидејќи се вградуваат во почва што е различно агресивна. Во зависност од подрачјето на вградување (во зависност од агресивноста на средината), на надворешната страна цевките имаат различни видови заштита. За подрачјата каде што се очекува поголема корозија се препорачува да се извршат мерења на специфичниот отпор на земјата и хемиска анализа на примерокот. Во зависност од резултатите на мерењата може да се избере оптимална надворешна заштита на цевководот и тоа:

Специфичен отпор [Ωcm] Опис на корозивноста на почвата  Надворешна заштита на цевката
 < 500 висококорозивна STANDARD TT (пасивна заштита) 
500 - 1000  корозивна NATURAL 
1000 - 2000  нормално корозивна NATURAL или STANDARD 
2000 - 10000  нискокорозивна NATURAL или STANDARD 

Видови спојување на цевките и фазонските парчиња
Цевките и фазонските парчиња имаат различни форми на спојки, кои обезбедуваат 100% водонепропустливост. Заптивките што се користат за спојување на цевките и фазонските парчиња мора да обезбедат водоотпорност во текот на целиот работен период. Тестовите покажаа дека овие барања одговараат на еластомерната гума EPDM. При спојувањето постигнуваме водоотпорност со радијален притисок на заптивката на металот.

 
 
 
Ако сте заинтересирани за повеќе, ве молиме контактирајте не на телефон +389 23 130 293 или преку онлајн формуларот.
 
 
 

Пребарувач

 
 
 

контакт

ЦМЦ ГРОУП д.о.о.
Република Северна Македонија
Ул. Борис Трајковски бр. 280
1000 Скопје

T: + 389 23 130 293
F: + 389 23 130 285
E: contact@cmc-group.mk