Проектирање, изведба, продажба, инсталација и одржување на водоводните системи, како и на системите за мерење и филтрација на вода со 24-часовна техничка поддршка.

 
 
 
 
 
 

Индустриски уреди за омекнување

Омекнувањето на водата се користи во индустријата во смисла на подобрување на параметрите на процесите, заштита на машините, уредите и алатките, како и во производствените линии за обезбедување квалитет на готовите производи.

Типични апликации за омекнување во индустријата се:

  • котелска вода за напојување
  • омекнување пред уредите за RO и EDI
  • миење на стакло и стаклени производи
  • системи за чистење и миење
  • општо производство
  • аптека
  • лаборатории
Покрај стандардните барања за димензионирање на уредите, каде што спаѓаат барањата на процесот или уредите, анализата на влезната вода, потребните протоци и притисоци, во индустриските апликации треба да се почитува и режимот на работа на системот. Следствено на тоа, уредите за омекнување во индустријата, покрај поединечните (Simplex) верзии, често се дизајнирани во двојни (Duplex) или дури во тројни (Triplex) системи.  
                         
                
        Simplex систем                  Duplex систем


 
 
 
Ако сте заинтересирани за повеќе, ве молиме контактирајте не на телефон +389 23 130 293 или преку онлајн формуларот.
 
 
 

Пребарувач

 
 
 

контакт

ЦМЦ ГРОУП д.о.о.
Република Северна Македонија
Ул. Борис Трајковски бр. 280
1000 Скопје

T: + 389 23 130 293
F: + 389 23 130 285
E: contact@cmc-group.mk