Проектирање, изведба, продажба, инсталација и одржување на водоводните системи, како и на системите за мерење и филтрација на вода со 24-часовна техничка поддршка.

 
 
 
 
 
 

Домаќински уреди за омекнување

Домаќинските уреди за омекнување се компактни дизајни. Омекнувањето на водата, врзувањето на Ca-јоните и на Mg-јоните се случува кога водата тече низ слоевите на јонскиот разменувач. Исцрпениот јонски разменувач автоматски се регенерира со раствор на натриум хлорид (сол). На овој начин повторно се активира јонскиот разменувач.

Посебно внимание е потребно при правилниот избор на уредот бидејќи тоа влијае врз правилното и беспрекорно работење. Изборот зависи од желбите и од потребите на корисникот, како и од начинот на управување (волуметриски, временски, електронски - комбинација). Правилниот избор е услов за непречена и долготрајна работа на уредот. Уредите за омекнување за домашна употреба се така дизајнирани за да ја омекнат водата при протоците од 0,425 m3/h до 1,75 m3/h.

Тврда вода

Тврдата вода има висока содржина на растворен воден камен и други елементи. Негативни ефекти на тврдата вода:

  • Таложење на воден камен во цевките, арматурите, ел. грејачи (бојлери). Таложењето се зголемува со тврдоста и со температурата на водата. Отстранувањето на водниот камен го намалува неговото полнење во водоводниот систем и ја намалува корозијата.
  • Средствата за перење и нивните раствори имаат помала ефикасност при чистењето - поголема потрошувачка.
  • Со таложењето на воден камен се намалува пресекот на цевката (протокот).
  • Бели дамки на садовите, приборот...

Мека вода

Меката вода има мала содржина на растворен воден камен и други елементи што ја предизвикуваат тврдата вода. Со јонските уреди за омекнување може целосно да ги отстраниме или да ја намалиме содржината на таквите елементи. Некои од придобивките на меката вода : 

  • Меката вода ги штити цевките, грејачите, водоводот, апаратите за домаќинство, обезбедува подолго работење
  • Алиштата се помеки на допир
  • Нема појава на бели дамки на садовите, цевките, мијалниците...
  • Заштеда на средствата за перење и за омекнување до 70%
  • Заштеда на електрична енергија до 30%
  • Видливо намален број на грешки и поправки

Омекнатата вода е важна за:

  • Бебешката нега
  • Нега на кожата
  • Мека, еластична и сјајна коса
  • Заштеда на средствата за перење и за омекнување
  • Подолг животен век на апаратите за домаќинство (машина за перење, машина за миење садови...)

Подготовката на мека вода е од суштинско значење за: 

  • Вашиот дом
  • Салоните за убавина, фризерските салони...
  • Детските градинки и училишта
  • Продавниците и рестораните
  • Фотостудијата
  • Болниците и клиниките (особено стоматолошките ординации)

 

 

 
 
 
Ако сте заинтересирани за повеќе, ве молиме контактирајте не на телефон +389 23 130 293 или преку онлајн формуларот.
 
 
 

Пребарувач

 
 
 

контакт

ЦМЦ ГРОУП д.о.о.
Република Северна Македонија
Ул. Борис Трајковски бр. 280
1000 Скопје

T: + 389 23 130 293
F: + 389 23 130 285
E: contact@cmc-group.mk