Проектирање, изведба, продажба, инсталација и одржување на водоводните системи, како и на системите за мерење и филтрација на вода со 24-часовна техничка поддршка.

 
 
 
 
 
 

Филтрација

Процесот на филтрација, во основа, е премин на течната вода што содржи одредени физички нечистотии преку зрнест слој на филтер-медиум или филтер- мрежа со релативно мала брзина на проток, при што нечистите честички се задржуваат на филтер-медиумот или на мрежата.

Песочните филтри обично се користат за одделување на мали количества (<10 ppm) фини честички (<100 μm) од течната водна фаза. Често е неопходно претходно да се третира водата (коагулација, флокулација, седиментација).
Добро одржуваните песочни филтри може да ја намалат матноста до 90% и да отстранат 80%-90% од бактериите, но не и од вируситеs.

Ултрафилтрацијата (UF) е процес за отстранување на суспендираните цврсти материи кога водата поминува преку полупропустливите мембрани. Може да ги отстрани честичките во величина од 0,001 до 0,1 μm. Процесот UF обезбедува 100% намалување на матноста и задржување на бактериите и на вирусите. Процесот не е погоден за хемиски контаминирана вода.
Основни предности на UF:
  • целосно отстранување на суспендираните цврсти честички (матност)
  • делумно отстранување на растворените органски материи, во зависност од молекуларната маса
  • ефикасно ги отстранува бактериите и вирусите
    лог 6 за бактерии
    лог 4 за вируси
  • колоиден индекс SDI <2
  • опрема за заштита на секундарната страна (системи RO)
  • добар квалитет на излезната вода, без оглед на промените во суровиот квалитет
  • комбинирање на неколку конвенционални процеси во еден
Обратна осмоза (RO)
Осмозата е процес врз кој се базираат речиси сите природни метаболни процеси. Ако два раствора со различни концентрации се одвоени во системот со посебна полупропустлива мембрана, растворот со повисока концентрација секогаш ќе ја изедначи концентрацијата (саморазредување). Овој процес (осмоза) продолжува додека не се појави осмотска рамнотежа.
Во процесот на обратна осмоза, насоката на осмотскиот проток е обратна. За да се постигне ова, комората со концентриран раствор мора да биде подложена на притисок. Овој притисок мора да биде многу повисок од осмотскиот притисок што се создава заради природното балансирање на различните концентрации.
Во системите за чистење на вода, кои работат на принципот RO, се употребуваат синтетички мембрани. Овие мембрани се пропустливи за водните молекули. Честичките на материјалите, растворени во водата, ги задржуваат мембраните. Високиот притисок го присилува поконцентрираниот раствор (на пример, водата за пиење или процесната вода) да течат низ овие мембрани. Резултатот е одвојување на овој раствор во делумен проток со вода, каде што се наоѓаат задржаните честички (концентрат).
   
Филтер-системи Amiad
Компанијата Amiad развива и испорачува „по мерка" дизајнирани филтер-системи за комплицираните индустриски, комунални системи и системи за наводнување. Посебниот сегмент се состои од филтри за самочистење што, покрај ефективното задржување на честички, овозможуваат автономно работење и непречено снабдување со вода.

Тие се одликуваат со:
  • автоматско чистење кога падот на притисокот преку површината на филтерот ја достигнува претходно поставената вредност;
  • континуирано снабдување со вода, при што филтерот се чисти во рок од неколку секунди, без да се прекине протокот на доводната страна;
  • модуларна структура со различни димензии со можност за поединечна или подоцнежна употреба;
  • флексибилност на контролните опции со хидраулични или електронско водени единици;
  • измивање во зависност од разликата во притисоци и/или временско нагодување;
  • широк избор на различни степени на филтрација од 3.500 до 3 микрони.
 
 
 
Ако сте заинтересирани за повеќе, ве молиме контактирајте не на телефон +389 23 130 293 или преку онлајн формуларот.
 
 
 

Пребарувач

 
 
 

контакт

ЦМЦ ГРОУП д.о.о.
Република Северна Македонија
Ул. Борис Трајковски бр. 280
1000 Скопје

T: + 389 23 130 293
F: + 389 23 130 285
E: contact@cmc-group.mk