Резултати од пребарувањето (49)

 
 
  • Разделувачи на трошоците за греење 555/556

    Разделувачите на трошоците за топлина се користат за делење на трошоците за греење по поединечна станбена единица според фактичката потрошувачка на енергијата за греење. Водичот за делење на трошоци за фактичката потрошувачка е дека секој корисник, кој при еднакво голем стан достигнува иста просечна температура во своите простории, плаќа исти трошоци за греење.

    Повеќе за производот »
     
     
  • Ултразвучни мерачи на проток

    Ултразвучните мерачи на проток со помош на системот „clamp-on" дејствуваат според методот за одредување на времето на транзит на ултразвучниот сигнал преку медиумот.

    Повеќе за производот »
     
     
  • Мерење на протокот на отпадните води

    Мерењето на протокот на системите за отпадни води и канализациите многу често е технички комплициран предизвик, особено во поглед на користењето соодветни инструменти или соодветен принцип.

    Повеќе за производот »
     
     
  • Носечки конзоли на водомерите Beulco

    Употребата на вградените гарнитури за водомери сè повеќе се користат за инсталација кај нови отколку за преработка на постојните инсталации, особено поради сигурноста на мерното место. Истовремено, на местата со инсталирани вградни сетови, подоцнежни замени на водомерите (на пример, за потребите на верификација) се едноставни и брзи.

    Повеќе за производот »
     
     
  • Beulco Quickturn valves

    In new buildings or in case of renovations of existing buildings: installations in narrow places, possibly overhead, are often a real challenge for all participants – planners, subcontractors, managing personnel and municipal utility suppliers.

    Повеќе за производот »
     
     
  • Системски разделувачи BA

    Водата за пиење е дефинирана како најважна животна потреба. Соодветно на називот, ја заслужува најдобрата можна заштита од загадување или од контаминација. Во случај на пумпните станици, изворите, водоводите, цевководите и во другите сегменти на фиксната водоводна мрежа во практика, во повеќето случаи, ова е точно, но ризик од загадување претставуваат т.н. мобилни кориснички места.

    Повеќе за производот »
     
     
  •  
  • Прачки за мерење и означување

    Компанијата Franken Plastik GmbH е основана во 1957 година и од самиот почеток има седиште во провинцијата Нирнберг-Фурт-Ерланген. Се одликува со долга традиција, професионализам и со висококвалитетни производи.

    Повеќе за производот »
     
     
  •  
  •  
  • Капаци

    Всушност, во секое село или град може да се најдат оштетени капаци. Ова е бројот на капаци што би требало да се заменат со нови. Најчести се оштетувањето на душекот (патронот), самиот покрив или прстен, како и оштетувањето на асфалтот, односно бетонот околу самата рамка. Трошоците за замена се високи и се состојат од: затворање на патот, уривање на оштетениот покрив и расклопување, поправка на шахтата, замена со нов капак, обложување, поплочување, асфалтирање и носење на отпадниот материјал. За замена е потребна екипа од најмалку три лица, соодветно возило (полукамион), опрема за сигнализација, бетон, асфалт, соодветни алатки (вклучувајќи пневматски чекан). На многу густите сообраќајни патишта практично секоја година има потреба за замена. Традиционалниот сив лив чекор по чекор се повлекува пред дуктилниот лив во сите гранки на индустрија за железо, особено поради својствата на дуктилниот лив, како што е еластичноста, 30% помалата маса итн. Новите технологии со употребата на дуктилниот лив овозможуваат производство на високодинамични отпорни производи, со што се продолжува животниот век.

    Повеќе од 30 години Saint-Gobain PAM успешно произведува капаци и решетки. На пример, во последните десет години се вградени над 1.200.000 парчиња капаци PAMREX. Од таа количина досега е заменето занемарливо количество (околу десет парчиња). Поради тоа, на долг рок е оправдана употребата на овие производи бидејќи трошоците за одржување се минимални.

    Мала маса, едноставна употреба
    Производите од дуктилен лив се приближно 30% полесни од споредливите капаци од сив лив. Поради тоа, одржувањето и користењето на овие капаци е многу полесно. Принципот на курсот обезбедува сигурна и лесна употреба и ја намалува потребната сила за отворање до 50%.

    Помалку бучава
    Покривите Saint-Gobain, главно, се опремени со влошки што ја апсорбираат бучава, а направени се од издржливи и тестирани материјали (PE, композити, еластомери). „Нечујните" капаци веќе неколкупати се покажани како одлично решение, дури и на најфреквентните патишта. Покрај тоа што го спречуваат тропањето, влошките во голема мера ги апсорбираат и динамичките оптоварувања (функција на придушивање) и со тоа се продолжува животниот век на капакот.

    Животен век
    Конструкцијата, обликот и дуктилниот лив му обезбедуваат долг животен век на производот. На пример, капакот PAMREX инсталиран во 1989 година на автобуската станица во Каен (Франција), и покрај повеќе од 5 милиони транзиции на возила, сè уште не покажува знаци на оштетување или абењеe.

    Стабилност
    Обликот на рамката овозможува стабилна и едноставна инсталација на шахтата. Отворите во прстенот овозможуваат сигурно анкерисување во бетонот. Обликот на капакот и патронот го спречуваат отворањето на капакот во текот на сообраќајот (појава на вакуум).

    Безбедност
    Капакот PAMREX е конструиран според барањата на класата D400 kN и тестиран со оптоварување од 600 kN што многу ги надминува барањата на стандардот. Изведувањето на шарки и конус на капакот овозможува автоматско затворање при повратните води (поплави). Релјефната површина на капакот е оптимално обликувана за сите услови (мраз, снег...).

    Капакот REXESS, исто така, е дизајниран за класата D400 kN, иако неговата тежина е само 54 кг. Тоа е првиот капак што ги исполнува строгите еколошки стандарди на ISO 14001. Капакот и рамката се заштитени со боја на водна основа. При возењето на возилата преку капакот неговото подигнување е оневозможено со автоматско заклучување. Стабилноста и бесшумноста на капакот се обезбедени со новата црвена композитна заптивка што е 300% поотпорна на абење во споредба со класичната заптивка PE.
    Сигурност за квалитет се добиените сертификати од три европски институции.

    Материјал
    Пред 30 години Saint-Gobain PAM првпат ги претставил капаците од дуктилен лив. Долгогодишните искуства се рефлектираат во одличните механички својства и во долгиот животен век. Еластичноста, високата затегнувачка цврстина, отпорноста на удар се главни својства на дуктилниот лив. Овие карактеристики обезбедуваат високо ниво на безбедност и едноставна употреба. Производите имаат долг животен век, овозможуваат лесно одржување на канализациските системи и долгорочно придонесуваат за економски придобивки. Малата маса го олеснува едноставното ракување, а со тоа се исполнуваат меѓународните ергономски барања во однос на оптоварувањата - особено на 'рбетот.

    Во европскиот стандард EN 124 се предвиду:

    • барања при проектирањето на капаците и на решетките за шахтите и одводните канали
    • постапка за тестирање
    • постапка за означување
    • постапка за контрола на производството.

    Во Словенија стандардот е преземен по методот на декларација, како SIST EN 124.

    Според стандардот, капаците и решетките се поделени во следниве класи: A 15, B 125, C 250, D 400, E 600 и F 900

    Во зависност од местото на инсталирање се дефинира и класата. Различните места за инсталација се наведени во групите од 1 до 6. Во табелата е опишан водичот за која класа се користи. Изборот на соодветната класа е одговорност на проектантот. Каде што постои сомнение за употребата на одредена класа, се користи следната повисока класа.

    Табела: Групи со опис на својствата на класите

    ГРУПА КЛАСА ОПИС НА УПОТРЕБА
    1 мин. A 15 Површините што ЕКСКЛУЗИВНО ги употребуваат пешаци и велосипедисти.
    2 мин. B 125 Пешачки патеки, пешачки зони, паркинг-места за ПРИВАТНИ возила.
    3 мин. C 250 Површините на работ на патиштата по сликата (0,5 m во патот и 0,2 m во плочникот).
    4 мин. D 400 Возните површини на патиштата (вклучувајќи ги улиците што се резервирани за пешаци), бавните ленти на AC и паркинзите за сите видови возила.
    5 мин. E 600 Површините што се оптоварени со високи притисоци од тркала (на пример, пристаништа, магацини, аеродроми).
    6 мин. F 900 Површините што се оптоварени со највисоки притисоци на тркала (на пример, аеродромите).
    Повеќе за производот »
     
     
  •  
 
12345
 
 

Пребарувач

 
 
 

контакт

ЦМЦ ГРОУП д.о.о.
Република Северна Македонија
Ул. Борис Трајковски бр. 280
1000 Скопје

T: + 389 23 130 293
F: + 389 23 130 285
E: contact@cmc-group.mk