Проектирање, изведба, продажба, инсталација и одржување на водоводните системи, како и на системите за мерење и филтрација на вода со 24-часовна техничка поддршка.

 
 
 
 
 
 

Разделувачи на трошоците за греење 555/556

Разделувачите на трошоците за топлина се користат за делење на трошоците за греење по поединечна станбена единица според фактичката потрошувачка на енергијата за греење. Водичот за делење на трошоци за фактичката потрошувачка е дека секој корисник, кој при еднакво голем стан достигнува иста просечна температура во своите простории, плаќа исти трошоци за греење.

 

Општо за разделувачите на трошоците за греење

Ваквиот метод, главно, се користи во згради, каде што не е можна инсталација на мерачи за топлотна енергија затоа што сите радијатори во една станбена единица не се поврзани во еден греен круг.

Разделувачите се инсталираат во поединечната станбена единица на секој радијатор (тело за греење) посебно. Разделувачот се инсталира на радијаторот со заварување, лепење или со помош на поединечните верзии на додатоци изработени за радијаторите. Во последно време во повеќето случаи се употребуваат електронски разделувачи, а во минатото беа многу присутни таканаречените „испарувачи", кои ја оценувале потрошувачката врз основа на испарувањето на посебна течност во зависност од температурата на грејното тело. Поради почестото одржување (годишна замена на ампулата со течност) и поради можноста за читање само еднаш годишно, овој тип речиси целосно е повлечен од употреба


Електронскиот разделувач на трошоци, генерално, е составен од

  • микропроцесор
  • литиумска батерија
  • 2 сензора за температура
  • топлинско спроводлива Al задна плоча
  • мултифункциски прикажувач
  • пластично куќиште

Кругот за мерење на разделувачот го составуваат сензорите за температура, аналогно-дигитален (AD) конвертор, референтен специфичен отпор за нормирање на мерната конверзија и микропроцесорска единица за процена на испуштената топлина на радијаторот.

Работа

Во текот на секој циклус на мерење грешката за толеранција на мерниот круг се елиминира со мерење на референтниот отпор (автоматска калибрација). Мерниот циклус на стандардниот електронски разделувач се спроведува во рок од неколку 100 ms и го следи дијаграмот што е прикажан на сликата.



Временскиот генератор на импулси (quartz) е бројач што го почнува циклусот за мерење во претходно дефинирани интервали. Бројачот е целосно одделен од останатиот дел од програмата и не овозможува блокада или прескокнување на циклусот. Бидејќи интервалот на мерење е многу подолг од самиот мерачки циклус, разделувачите обично имаат над 99,8% време на мирување т.н. „sleep mode".

Вредностите што, конечно, ги гледаме на екранот на разделувачот се пресметуваат со равенките:

  • за двосензорски уреди:

  • за едносензорски уреди

tH = температура на површината на радијаторот, °C
tA = температура на просторот, °C
Q = прикажана вредноста на потрошувачката, без единица
K = корекциски фактор; K = 1 или K = KC x KQ

Самиот разделувач се грижи за процена на потрошувачката на топлина на поединечниот радијатор, за што треба да биде соодветно конфигуриран (внесени коефициентите на радијаторот (KQ) според видот, големината и моќноста ...). Една од предностите на поквалитетните производителите на разделувачи на трошоците за греење, каде што спаѓа Sontex SA е технологијата за мерење на два сензора бидејќи така разделувачот ги открива и најмалите температурни промени и не доаѓа до големи отстапувања и грешки. Го зема предвид и страничното влијание на температурата на околината (на пример, сончевите зраци, печката ...) и манипулацијата (покривањето на разделувачот итн.). Сите разделувачи се напојуваат батериски и во повеќето случаи имаат животен век над 10 години. Соодветноста на разделувачот, односно на производителот на разделувачот може да се оцени со проверување на неговата усогласеност со европскиот стандард EN 834.

Sontex 555 и 556

Според инсталацијата на електронскиот разделувач во нашата понуда се вклучени две решенија:

  • Електронски разделувач стандардна верзија тип 555, каде што читањето на податоци од разделувачот бара присуство на читачот на местото каде што е инсталиран разделувачот. Може да се чита преку LCD-екран, електронска картичка или оптички интерфејс. Податоците може да се пренесат на лаптоп, PDA или на рачен терминал.
     
  • Вториот тип е радиоелектронскиот разделувач тип 556, кој се разликува од стандардната верзија по тоа што податоците се пренесуваат безжично. Читачот не треба да влезе во поединечна станбена единица и до секој разделувач. Податоците ги читаме на далечина според принципот „walk-by" или преку стационарната мрежа.

Главни карактеристики и функции:

  • Забележување на датумот на ставање во функција,
  • Автоматско годишно ресетирање - опционално,
  • Потрошувачката на последниот ден пред ресетирањето,
  • Обработка на податоците преку PDA или компјутер со оптички или радиски интерфејс,
  • Рачно читање преку 6-цифрен LCD-екран,
  • Податоците се зачувани за 36 месеци, 18 месеци или 18 полумесечни вредности,
  • Циклусно мени,
  • Редоследот на менито може да се приспособи за клиентот,
  • Сериски и идентификациски број,
  • Датум и време,
  • Заедничка вредност на потрошувачката,
  • Вредности Kc и Kq,
  • Температура на радијаторот и на околината,
  • Нагодување на денот и на вредностите,
  • Максимална потрошувачка во последните две години,
  • Приказ на грешка,
  • Автоматска детекција на измами - отворен спој,
  • Последниот ден од затворениот спој - се однесува на измамата,
  • Општото вкупно време на отворениот спој - се однесува на измамата.

Основни податоци:

Принцип на мерење 2 сензора или индивидуален сензор со почетен сензор
Скала Единица или производствена скала
Моќ на радијаторот 4 – 16000 W
Тип 555 (стандарден); 556 (радио)
Верзија Компактна; Далечински сензор
Напојување 3V; Литиумска батерија
Радио

Двонасочен; 433,82 MHz; Моќност 10 mW

Животен век Повеќе од 10 години
Екран Мултифункционален; 6-цифрен LCD
Датум Едноставно приспособлив
Опсег на употреба Поединечен сензор со почетен сензор: 55°C - 90°C
2 сензори: 35°C. .90°C (..120 ° C со далечински сензор)
Почеток на мерење 25°C - 40°C; приспособливо
Мерено подрачје 0°C - 90°C; 0°C - 120°C далечински сензор

Температура на складирање

-25°C - 70°C
Интерфејс Оптички, во согласност со EN 60870-5
CE согласност Во согласност со EG/99/5
Хомологација HKVO A1.02.2008
Димензии 93 x 38 x 28 mm 

 

 
 
 
Ако сте заинтересирани за повеќе, ве молиме контактирајте не на телефон +389 23 130 293 или преку онлајн формуларот.
 
 
 

Пребарувач

 
 
 

контакт

ЦМЦ ГРОУП д.о.о.
Република Северна Македонија
Ул. Борис Трајковски бр. 280
1000 Скопје

T: + 389 23 130 293
F: + 389 23 130 285
E: contact@cmc-group.mk