Јасната имагинација и одличната имплементација на транспарентните решенија се основа за реализирање на успешни проекти.

 
 
 
 
 
 

Проект Drinkadria

Проект Drinkadria

01.04.2015

Успешно ги завршивме градежните, механичките и електричните работи за поставување на 22 контролни точки на мерење на проток и притисокот / нивоа во рамките на проектот „Испорака и монтажа на мерачи на проток и притисок или ниво, телеметриска опрема и GPRS-пренос на податоци од мерни точки до системот SCADA со негова надградба во рамките на проектот Drinkadria како дел од Јадранскиот прекуграничен проект ИПА.

Имплементацијата на проектот ѝ беше доверена на компанијата ЦМЦ Екокон врз основа на претходно успешно завршените проекти за контрола на водоводната мрежа во Љубљана, Домжале и во Логатец. Целиот проект, заедно со снабдувањето на комплетната опрема, беше завршен за само два месеца.

Како занимливост, во проектот се предвидуваше на неколку точки мерачите на проток „да се вкопаат" без водоводна шахта. Мерачите на проток Aquamaster, од производителот ABB, беа избрани како најдобро решение за таквата инсталација. Опцијата за напојување со обновливи извори на конверторот на мерачот на проток нудеше наједноставна интеграција во системите со соларно или мрежно напојување.

Во проектот учествуваме со неколку подизведувачи од цела Словенија и во оваа пригода уште еднаш им се заблагодаруваме за нивната соработка.

 
 
 

контакт

ЦМЦ ГРОУП д.о.о.
Република Северна Македонија
Ул. Борис Трајковски бр. 280
1000 Скопје

T: + 389 23 130 293
F: + 389 23 130 285
E: contact@cmc-group.mk