Проектирање, изведба, продажба, инсталација и одржување на водоводните системи, како и на системите за мерење и филтрација на вода со 24-часовна техничка поддршка.

 
 
 
 
 
 

Парчиња со прирабници

 

Спојката со прирабница е составена од две прирабници, еластомерна заптивка и навртки, чиј број и димензија зависат од притисокот и од номиналниот дијаметар на цевководот. Погодни се за притисок до 40 бари. Плоскатата заптивка е од еластомерна гума со метална влошка и тоа овозможува едноставна монтажа и го намалува ризикот од запечатување на заптивката.

Повеќе сестрани наменски фазонски парчиња со прирабница (димензии до DN600) овозможуваат брза и едноставна монтажа и може да се употребуваат во многу апликации, како во комуналната инфраструктура, така и во индустриските средини:

  • изведба на водоводните јазли без разлика на видот цевки
  • вградување на арматурите при вкопаните системи или во водоводните јазли за запирање на отсеците или урамнотежување на цевководите
  • вградување опрема за посебни апликации; на пример, противпожарни системи
  • изградба на системи за вода под притисок кај пречистителни станици
Сите фазонски парчиња со прирабница PAM се изработени со сина покривна заштита по катафорезна постапка.
Достапни се и фазонски парчиња со фиксни прирабници за димензии до DN2000, со иста сина покривна заштита по катафорезна постапка со дебелина од мин. 70 микрони или по класична постапка со дебелина од мин. 250 микрони (епокси).


 
 
 
Ако сте заинтересирани за повеќе, ве молиме контактирајте не на телефон +389 23 130 293 или преку онлајн формуларот.
 
 
 

Пребарувач

 
 
 

контакт

ЦМЦ ГРОУП д.о.о.
Република Северна Македонија
Ул. Борис Трајковски бр. 280
1000 Скопје

T: + 389 23 130 293
F: + 389 23 130 285
E: contact@cmc-group.mk