Проектирање, изведба, продажба, инсталација и одржување на водоводните системи, како и на системите за мерење и филтрација на вода со 24-часовна техничка поддршка.

 
 
 
 
 
 

Емисиони грејачи Energotech

 

Со таванските грејачи Energotech обезбедуваме напреден и ефикасен систем за греење што работи на ист начин како и сонцето. Тие се фиксирани на таванот и нежно емитуваат топлина во просторот.

Карактеристики

Деведесет проценти од енергијата ја испуштаат со топлотно зрачење и само 10% со загревање на воздухот, што дава пријатна клима и еднаква температура во просторијата.

Со можноста за загревање на просториите до висина од 40 метри, грејачите Energotech се идеално решение за простории каде што не е дозволена висока температура на грејните тела.

Грејачите Energotech се особено погодни за употреба во музеи, хотели, галерии, цркви, магацини, фабрики и сл.

Се одликуваат со:

  • еколошко и природно греење,
  • едноставна и евтина инсталација без одржување,
  • монтажна висина од 2 до 40 m,
  • можност за зонско загревање,
  • заштеда на енергија од околу 20% до 50%,
  • предност за просторот поради монтажата на таван
  • можност за користење на дневни и на ноќни тарифи.


Достапни се различни видови грејачи:

  • EnergoStrip; универзални тавански грејачи
  • EnergoCassette; можна инсталација и на спуштени тавани,
  • EnergoLine; можна инсталација под столови или клупи,
  • EnergoInfra; за зимски градини, балкони, оранжерии итн. и
  • EnergoInfra Industry; за индустриски капацитети, работилници, магацини и сл.
Ако сте заинтересирани за повеќе, ве молиме контактирајте нѐ на 01 759 08 00 или преку онлајн-формуларот.
 
 
 
Ако сте заинтересирани за повеќе, ве молиме контактирајте не на телефон +389 23 130 293 или преку онлајн формуларот.
 
 
 

Пребарувач

 
 
 

контакт

ЦМЦ ГРОУП д.о.о.
Република Северна Македонија
Ул. Борис Трајковски бр. 280
1000 Скопје

T: + 389 23 130 293
F: + 389 23 130 285
E: contact@cmc-group.mk